За Нас

Асоцијација на Архитекти на Македонија е основана во 1952 година во Скопје како Друштво на архитекти на Македонија. Од 1980 – 1999 година работи како Сојуз на архитекти на Македонија (САМ). а од 1999 година како Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ).

          ААМ е здружение на граѓани кое согласно Законот се организира и делува врз територијален принцип преку Ограноци, односно Секции на Ограноците.

          ААМ е непрофитна организација и средствата што ги стекнува по тој основ (членарина, донации и сл.) се употребуваат за поддржување и остварување на сопствените цели и активности утврдени со програмата за работа и одредбите од Статутот на ААМ.

Целите, одредбите и делокругот на работата на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонската професија, како на територијата на Р.Македонија, така и во меѓународни рамки.

Во таа смисла, ААМ особено се грижи за:

  • развојот на архитектурата и архитектонското творење во Р.Македонија.
  • афирмација на македонската архитектура и творештвото во меѓународни рамки.
  • следење на случувањата на полето на архитектурата и вклучување во современите текови на развојот на архитектонската мисла, теорија и практика.
  • следење и унапредување на нивото на архитектонската едукација, практика и квалитетот на архитектонската продукција.
  • следење и присуство во работата на органи и институции кои ја регулираат материјата на архитектонската практика и донесуваат прописи и закони од доменот на архитектурата, градежништвото и просторното планирање и давање на релевантни мислења по однос на истите.
  • сестрано унапредување на архитектонската практика во Р.Македонија.до високи меѓународни стандарди.
  • учество во стручни и јавни расправи, давање на експертизи и рецензии за проекти од областа на архитектурата, просторното планирање, животната средина, културата и културното наследство.
  • завземање на принципиелни стојалишта по прашања што се однесуваат на квалитетот на интервенциите во просторот, архитектонските вредности и вредностите во целинана културата на живеење на просторот на Р.Македонија.
  • организирање на стучни или друг вид на собири, предавања, советувања, симпозиуми, конференции и стручно-научни трибини.
  • градење на професионален архитектонски кодекс на однесување помеѓу самите архитекти и останатите професионални структури што учествуваат во процесот на архитектонското чинодејствие.
  • подобрување на статусот на архитектите и положбата на архитектонската професија во Р.Македонија, во смисол на заштита на архитектите и нивните професионални интереси и посебно за заштита на авторските права.
  • соработка со слични или сродни институции од земјата или странство или со други здруженија на граѓани и фондации, преку активно учество во дел од нивните работни програми што се од посебен интерес за ААМ.
  • задоволување на специфичните интереси и афинитети на нејзините членови преку развивање на различни нивоа на издавачката дејност.
  • организирање на стручни посети или екскурзии во места каде се сслучуваат важни настани од областа на архитектувата, во земјата и странство.
  • Стручно усовршување и перманентна едукација на архитектите и подигање на нивниот општествен и професионален углед.
  • активна соработка со Меѓународната  Унија на Архитекти (UIA) и вклучување во работата на глобалните или рагионални програми на оваа врвна меѓународна архитектонска асоцијација.

Асоцијацијата денеска опфаќа архитекти кои делуваат на полето на архитектурата, урбанизмот,         градежништвото, ентериер и дизајн.

          Асоцијацијата на архитекти на Македонија  е членка на Меѓународната  Унија на Архитекти  (UIA), членка на втората регија на (UIA) и од 2008 година благодарение на Министерсвто за култура на Р.Македонија членка посматрач на Архитектонскиот Совет на Европа CE).

          Во рамките на Асоцијацијата на архитекти на Македонија делува и Архитектонската академија – АА во која досега членуваат деветнаесет највидни архитекти – доајени на македонската архитектура. Членовите на Академијата се добитници на наградата за животното дело и големи достигнувања на полето на архитектурата  “Андреја Дамјанов”.

ААМ е организатор на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС, кое е воспоставено во 1981 година и на кое се презентира двогодишната продукција на македонските архитекти. Една од многу значајни пратечки  манифестации на БИМАС е изложбата на Биеналето на студенти по архитектура  - БИСТА што традиционално ја организира Архитектонскиот  факултет во Скопје.

Асоцијацијата ги доделува следните награди:

  1. Голема годишна награда за архитектура за најуспешно реализиран објект  во тековната година. Покровител на оваа награда е Претседателот на Р.Македонија.
  2. Гран При на БИМАС  “ (Биенале на македонската архитектура) занајуспешен  реализиран објект.
  3.   Награда Андреја Дамјанов за животно дело и големи достигнувања  од областа на архитектурата.

 

АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

ул.  Даме Груев  14 а

1000 Скопје

Република Македонија

Тел / факс ++389 (0) 2 3237 277  / 076 350 336

kontakt.aam@gmail.com

www.aam.org.mk

___________________________________________________________________________________

Relevant  information on AAM

(ASSOCIATION OF ARCHITECTS OF MACEDONIA)

Association of architects of Macedonia was founded in 1952 in Skopje .

AAM is nongovernmental organization conducted by Executive board of seven Members.

Presently, those members are the following: President of AAM, Sanja Radjenovic Jovanovic , vice president Dejan Sekulovski , and other members-coordinators: Dejan Ivanovski, Danica Pavlovska, Filip Dubrovski, Angel Sitnovski, Iskra Efremova

AAM is professional and  non profitable organization with aims determined by its Statute.

The fields of interests are especially the development, prosperity and affirmation of the architectural profession, the work and engagements of  architects in Republic of Macedonia and abroad.

Membership conditions:

According the Statute of the AAM, the most important condition for membership is to be graduated architect with appropriate diploma covering the educational profile.

Presently, there is a process of creating possibility for special treatment of the students of architecture,  and providing appropriate conditions for their involvement in the work of AAM (without direct influence on the decision making processes).

     The main objectives of AAM are:

  • the development  of architecture and architectural design in Macedonia
  • affirmation of Macedonian architectural design abroad
  • following up and inclusion in contemporary architectural design and theory
  • development of architectural education and production
  • pursuing and presence in the work and activities of the governmental institutions which regulate the lows of architectural practice
  • participation in professional and public review, publication of recessions 
  • framing of professional and moral behavior among architects and other professional structures related
  • protection of the author’s rights
  • active collaboration with International Union of Architects in the context of global and regional programs
  • membership in domestic, and especially, international juries concerning different architectural competitions, offering expert help and collaboration
  • organizing exhibitions, forums, events etc. with a purpose of promoting and affirmation of values of architectural praxis and theory
  • Members of AAM, are specialists working in the field of architecture , urbanism , interior and industrial design, theory, research and education.

Membership in international organizations:

AAM is a member of UIA , (the second region of UIA), and

Member of the Architects' Council of Central and Eastern Europe (ACCEE).

Important Institutions of AAM:

Very important institution deriving from the Statute and other legal acts of AAM, is The Architectural Academy of AAM, accomplished with seventeen architects, assigned with the most important professional architectural award in Republic of Macedonia “Andreja Damjanov”, established to be proposed for lifetime achievements in the field of architecture and urban planning.     

AAM traditionally organizes the Biennale of Macedonian architecture,  established in 1981, which merit two years architectural production in Republic of Macedonia. Also, the Biennale has international character, providing participants of different generations, distinguished guests, exhibitions, forums and other forms of architectural activities, covering the fields of architectural design, urban planning, theory, research etc.

Every year, AAM promotes the Annual award for realization in the field of architecture, which is a most distinguished award patronized by the President of the Republic of Macedonia.

Full name of the AAM:

Contact address:


ul: Dame Gruev 14a Skopje
tel: +389 2 3237-277
e-mail: contact@aam.org.mk

Asocijacija na arhitekti na Makedonija (AAM)

 

 

Association of Architects of Macedonia (AAM)

Архивирај ја македонската архитектура