Андреја Дамјанов

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.43 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), по предлог на Советот за доделување на награди на ААМ, ОУ на ААМ, на состанокот од 23.06.2006 г. донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2006год. во состав:

проф. Константиновски Георги д.и.а. (претседател),
Џартовска Радмила д.и.а.,
Христовски Панта д.и.а.,
Д-р Кокан Грчев д.и.а.,
Доц. Др Бакалчев Минас д.и.а.

Комисијата на состанокот одржан на 19.09.2006 год. констатираше дека единствениот предлог за кандидатура на: проф. Александар Никољски од Скопје е комплетен во согласност на нејзините барања.
На предлог на Комисијата, ОУ на ААМ донесе Одлука за добитник на наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2006 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ се прогласува:

проф. АЛЕКСАНДАР НИКОЉСКИ  д.и.а.

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура