Андреја Дамјанов

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.43 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), по предлог на Советот за доделување на награди на ААМ, ОУ на ААМ, донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2008 во состав:

Радомир Лаловиќ д.и.а. (претседател),
Снежана Илиевска д.и.а.,
Боби Божиновски д.и.а.,
Виолета Бакалчев д.и.а.,
Валентино Константиновски д.и.а.

Комисијата на состанокот одржан на 02.09.2008 год. констатираше дека единствениот предлог за кандидатура на: Александар Смилевски од Скопје е комплетен во согласност на нејзините барања.

На предлог на Комисијата, ОУ на ААМ донесе Одлука

за добитник на наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2008 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ се прогласува:

 

      АЛЕКСАНДАР  СМИЛЕВСКИ  д.и.а.

 

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура