Андреја Дамјанов

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.43 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), по предлог на Советот за доделување на награди на ААМ, ОУ на ААМ, донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2009 во состав:

Александар Смилевски д.и.а.(претседател),
проф.Никола Павловски д.и.а.,
Јагода Мицајкова д.и.а.,
Илија Стојчевски д.и.а.,
Сашко Иванов д.и.а.

Комисијата одржа состаноци на 10.09.2009 год. и на 17.09.2009 год. каде што ги разгледа двете  пристигнати кандидатури и тоа на арх. Олга Папеш и арх. Климент Зарев

Во отворена и професионална расправа Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот арх. Климент Заров..

На предлог на Комисијата, ОУ на ААМ ја донесе следната Одлука

за добитник на дваесетата по ред награда "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2009 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ се прогласува:

      КЛИМЕНТ  ЗАРОВ   д.и.а.

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура