Андреја Дамјанов

 

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.41 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ОУ на ААМ донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2010 година во состав:

Панда Зографска Беличанец д.и.а.(претседател),
Климент Заров д.и.а.,
Влатко Коробар д.и.а.,
Кокан Грчев д.и.а.,
Минас Бакалчев д.и.а.

Комисијата одржа состанок на 28.09.2010 год. и разгледа кандидатурата на арх. Олга Папеш.

Во отворена и професионална дискусија Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот арх. Олга Папеш..

На предлог на Комисијата, Управниот Одбор на ААМ за добитник на дваесет и првата награда по ред "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2010 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

      ОЛГА  ПАПЕШ  д.и.а.

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура