Андреја Дамјанов

 

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.43 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), по предлог на Советот за доделување на награди на ААМ, ОУ на ААМ, на состанок од 20.06.2005 год.,донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2005 година во состав: Трајко Димитров, Александар Смилевски, Михаил Токарев, Билјана Филиповска и Александар Џартовски.

Комисијата на состанокот одржан на 06.09.2005 година констатираше дека предлозите се комплетирани во согласност со нејзините барања и детално ги разгледа следните кандидатури за наградата "Андреја Дамјанов" за 2005 година:

*      Василка Ладинска диа.од Скопје
*      проф.Тихомир Арсовски диа од Скопје
*      Радомир Лаловиќ диа од Скопје
*      Крсто Тодоровски диа од Скопје
*      проф. Александар Никољски диа од Скопје

*      Олга Чоланчевска диа од Скопје

На предлог на Комисијата, УО на ААМ донесе одлука

за добитник на наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2005 година и истовремено и за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

      ВАСИЛКА  ЛАДИНСКА  д.и.а.

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура