Андреја Дамјанов

 

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.41 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ОУ на ААМ донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2013 година во состав:

Трајко Димитров д.и.а.(претседател),
Ангел Ситновски д.и.а.,
Ѓоко Радовановиќ д.и.а.,
Михаил Зиновски д.и.а.,
Владимир Десков д.и.а.

Комисијата одржа повеќе состаноци на 21,24 и 28.10.2013 год. и ги разгледа кандидатурите на д-р проф.Михаил Токарев д.и.а  и Славчо Вренцоски д.и.а.

Во отворена и професионална дискусија Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот д-р проф.Михаил Токарев д.и.а.

На предлог на Комисијата, Управниот Одбор на ААМ за добитник на дваесет и четвртата награда по ред "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2013 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

      д-р проф. МИХАИЛ  ТОКАРЕВ  д.и.а.

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура