Андреја Дамјанов

 

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.41 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ОУ на ААМ донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2011 година во состав:

Вера Ќосевска  д.и.а.(претседател),
Викторија Еремеева д.и.а.,
Гоце Аџи-Митревски д.и.а.,
Марјан Шокуроски д.и.а.,
Кристијан Јордановски д.и.а.

Комисијата одржа состаноци од 28.09.2011 год. до 05.10.2011 год. каде што ги разгледа сите пристигнати кандидатури и тоа на арх. Михајло Токарев, арх. Јосиф Ристовски, арх.Славе Вренцовски и арх. Мимоза Несторова Томиќ.

Во отворена и професионална расправа Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот арх. Мимоза Несторова Томиќ.

На предлог на Комисијата, ОУ на ААМ ја донесе следната Одлука

На предлог на Комисијата, Управниот Одбор на ААМ за добитник на дваесет и втората награда по ред "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2011 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

 

      МИМОЗА  НЕСТОРОВА  ТОМИЌ   д.и.а.

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура