Андреја Дамјанов

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.41 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ОУ на ААМ донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2012 година во состав:

Мимоза Н.Томиќ  д.и.а.(претседател),
Панда Зографска  д.и.а.,
Лидија Марковска  д.и.а.,
Елизабета Касапова  д.и.а.,
Мартин Гулески  д.и.а.

Комисијата одржа состаноци, каде што ги разгледа двете пристигнати кандидатури и тоа на арх. Михајло Токарев и  арх.Крсто Тодоровски.

Во отворена и професионална расправа Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот арх. Крсто Тодоровски.

На предлог на Комисијата, ОУ на ААМ ја донесе следната Одлука

На предлог на Комисијата, Управниот Одбор на ААМ за добитник на дваесет и трета награда по ред "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2012 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

 

      КРСТО  ТОДОРОВСКИ    д.и.а.

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура