Андреја Дамјанов

 

Во согласност со чл.7 од Правилникот за доделување на наградата "Андреја Дамјанов" и чл.41 од Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), ОУ на ААМ донесе одлука за формирање на Комисија за доделување на наградата за 2014 година во состав:

Георги Константиновски, д.и.а.(претседател),
Александар Наумчески, д.и.а.,
Александар Радевски, д.и.а.,
Ана Радоњиќ, д.и.а.,
Бујар Муча, д.и.а.

Комисијата одржа состанок на 15.10. 2014 год. и ги разгледа кандидатурите на Вера Ќосевска, д.и.а  и Јосиф Ристевски, д.и.а.

Во отворена и професионална дискусија Комисијата донесе едногласен афирмативен заклучок во прилог на кандидатот Вера Ќосевска, д.и.а.

На предлог на Комисијата, Управниот Одбор на ААМ за добитник на дваесет и петатта награда по ред "Андреја Дамјанов" за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2014 година и истовремено за член на Архитектонската академија на ААМ ја прогласува:

      ВЕРА  ЌОСЕВСКА  д.и.а.

 

AndrejaDamjanov

Архивирај ја македонската архитектура