СТУДЕНТСКИ КОНКУРС

СТУДЕНТСКИ КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО ГРАФИЧКИ ОБЛИКУВАН ПОСТЕР ЗА БИСТА (Биенале на студентите по архитектура) 2016

 

Ги покануваме студентите од сите факултети по архитектура на Р.Македонија да земат учество во конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер на овогодинешното Биенале на студентите по архитектура - БИСТА 2016.

Постерот треба да биде со формат 50|70 см, во слободна техника, во боја или црно-бел, и треба јасно да ја репрезентира авторската идеја која ќе им се обрати пред сѐ на студентите по архитектура, но и на пошироката публика со својата релевантност и препознатливост.

 Постерот треба да го прикаже постојното лого на БИСТА (со додавка 2016) видливо и јасно, но и да понуди соодветно графичко решение за позиција на логото на Асоцијација на архитекти на Р.Македонија како организатор на биеналето. (Логоата можат да се симнат од официјалната страна на Асоцијација на архитекти на Р.Македонија - http://aam.org.mk/, а се прикажани на крајот од оваа објава.)

Постерот треба да ги соопшти следниве информации:

БИЕНАЛЕ НА СТУДЕНТИТЕ ПО АРХИТЕКТУРА – БИСТА 2016

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦЕНТАР „МАЛА СТАНИЦА“

18 МАЈ 2016,  20.00 ЧАСОТ 

КОНКУРСНИ УСЛОВИ

Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат само студентите по архитектура. Учесниците на конкурсот се пријавуваат со шифра. Секој учесник има право да учествува со повеќе трудови.

Постерот се предава со шифра од максимум пет букви во горниот десен агол. Ако некој студент учествува со повеќе трудови, сите треба да бидат означени со различна шифра.

Податоците за авторот се наведуваат во посебен затворен плик со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Податоците за авторот поставени внатре во пликот треба да содржат име и презиме на студентот, име на архитектонскиот факултет и универзитет, година на студии и контакт (мејл адреса и телефон).

Оценувањето на идејните проекти поднесени на конкурсот за избор на најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2016 го врши жири комисија составена од претставници на сите факултети по архитектура на Р.Македонија кои ќе учествуваат на Биеналето.  

 НАГРАДИ

Трите прворангирани трудови ќе добијат сертификат за учество и добиена прва, втора односно трета награда на јавен конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер за БИСТА 2016. Првонаградениот труд ќе стане официјален постер за БИСТА 2016, и ќе ги прати сите активности на Биеналето на студентите по архитектура. 

РОКОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНКУРСНОТО РЕШЕНИЕ

Конкурсното решение се доставува лично или по пошта на адресата бул. Партизански одреди 24, 1000 Скопје (Архитектонски факултет, УКИМ-Скопје), до 27 април 2016 година заклучно со 14.00 часот.Жири комисија ќе ја заврши својата работа со објавување нарезултатите од конкурсот најдоцна во рок од 10дена од крајниот рокза предавање на конкурсното решение.

За дополнителни информации можете да се обратите на 2016bista@gmail.com

Координаторите на БИСТА 2016

Архивирај ја македонската архитектура