КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ААМ

 

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ААМ

 

Согласно чл.24 и чл.29 од Статутот на ААМ се распишува КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ААМ.

До канцеларијата на ААМ од 19.08. до 19.09.2016 г. се доставува кандидатура за Претседател на УО на ААМ. Кандидатурата се доставуваат во писмена форма по електронски пат на e-mail: kontakt.aam@gmail.comи во тврда копија во канцеларијата на ААМ секој работен ден од 9:00 до 13:00 часот.

Кандидатурата треба да содржи:

-       Пополнета пријава

-       CVна кандидатот

-       Предлог програма за работа на ААМ потпишана од кандидатот

-       Предлог на шест (6) членови на УО на ААМ

Задолжително е кандидатот да е член на ААМ. (тоа подразбира и платена чланарина за тековната 2016 год.)

Сите пристигнати кандидатури за Претседател на УО на ААМ во електронска форма се испраќаат до членовите на ААМ. Овој материјал е составен дел на изборното Собрание.

На изборното Собрание сите кандатите се претставуваат лично и ја презентираат својата програма и предложените шест (6) члена на УО.

Собранието со гласање и со мнозинство на гласови избира Претседател на УО на ААМ.

Мандатот на Претседателот и членовите на УО на ААМ е три (3) години.

Пожелно е, но не и задолжително, кандидатот да бил член на УО на ААМ што укажува на поблиско познавање на работењето на ААМ.

 

 

 

Лице за контакт:                                                                         Претседател на УО на ААМ,

Тех. секретар на ААМ,

Оливера Блажевска, диа                                                             Сања Раѓеновиќ Јовановиќ,диа

 

адреса: ул.: “Даме Груев“ 14а – Скопје

тел.      +389 02 323 72 77

            +389 76 350 336

e-mail: kontakt.aam@gmail.com

 

Архивирај ја македонската архитектура