Архитект Вера Ќосевска

добитник на наградата „Андреја Дамјанов“

 

 

 

Добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014 година за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството, е архитект Вера Ќосевска, соопшти денеска Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

Одлуката за наградата ја донесе петчлено жири, а ќе биде доделена на 25 ноември во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје.

- Творештвото на Вера Ќосевска – архитект по раѓање, нè потсетува зошто сме одбрале да се занимаваме со архитектура. Пред нас се простира едно обемно творештво кое собрано на едно место претставува учебник за архитектонско проектирање. Архитектура ослободена од вишок, од сензација која создава пријатно чувство и спокој, се вели меѓу другото во образложението на комисијата за годинашниот добитник на наградата „Андреја Дамјанов“.

 

 

Архивирај ја македонската архитектура