ЛАУРЕАТ за 2015

ГОРДАН ВИТЕВСКИ

И оваа година Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заеднички ја организираа манифестацијата ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН, која се одржа на 05.06.2015 , на платото пред Св.Климентовиот храм Св.Пантелејмон на Плаошник во Охрид, на која се наградуваат најдобрите дипломирани инженери од инженерските факултети. ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Ова признание претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји. Прстенот претставува круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја се симбол на чест и достоинство во Македонскиот културен круг од антика до денес. Ѕвездата претставува симбол на знаење, кое во случајов е резултат на синергија на различни дисциплини.

Добитник на ова престижно признание за 2015 е,

ГОРДАН ВИТЕВСКИ од 

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ, УКИМ, Скопје

 

Архивирај ја македонската архитектура