Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“
Наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ претставува највисоко признание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) за исклучителен придонес во областа на архитектурата и градителството во Република Македонија.
Именувана во чест на прочуениот неимар Андреја Дамјанов, кој со својата тајфа оставил длабок белег врз балканската архитектура во XIX век, оваа награда се доделува еднаш годишно.
Добитници се истакнати архитекти со богато животно творештво — обемна професионална пракса, теоретска работа, едукативен ангажман и јавен придонес — препознаени преку значајни дела, трудови, награди и признанија.
Листа на добитници
Година | Добитник | Белешка |
|---|---|---|
1989 | Крум Томовски | Прв добитник (лауреат) |
1990 | Борис Чипан | |
1991 | — | Не е доделена |
1992 | Лудјек Кубеш | |
1993 | Славко Брезовски | |
1994 | Јанко Константинов | Петто доделување (5) |
1995 | Петар Муличковски | |
1996 | Александар Серафимовски | |
1997 | Благоја Мицевски | |
1998 | Благоја Колев | |
1999 | Георги Константиновски | Десетто доделување (10), доделена во црквата Св. Пантелејмон, Велес |
2000 | Љубинка Маленкова | |
2001 | Душан Пецовски | |
2002 | Живко Поповски | |
2003 | Трајко Димитров | |
2004 | Драган Томовски | Петнаесетто доделување (15) |
2005 | Василка Ладинска | |
2006 | Александар Никољски | Доделена во манастирот Св. Јоаким Осоговски |
2007 | Радомир Лаловиќ | |
2008 | Александар Смилевски | |
2009 | Климент Заров | Дваесетто доделување (20) |
2010 | Олга Папеш | |
2011 | Мимоза Несторова Томиќ | |
2012 | Крсто Тодоровски | |
2013 | Михаил Токарев | |
2014 | Вера Ќосевска | Дваесетипетто доделување (25), доделена во црквата Рождество на Пресвета Богородица, Скопје |
2015 | Мартин Гулевски | |
2016 | Радован Раѓеновиќ | |
2017 | Билјана Филиповска | |
2018 | Миодраг Радоњиќ – Бато | |
2019 | Миодраг Митровиќ | Триесетто доделување (30) |
2020 | Ѓоко Радовановиќ | |
2021 | Ранчо Христов | |
2022 | Зорица Блажевска | |
2023 | Здравко Рафајловски | |
2024 | Стеван Смилевски | Триесетипетто доделување (35) |