Голема годишна награда за архитектура
Големата годишна награда за архитектура е едно од највисоките признанија што ги доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), за најуспешно реализирано архитектонско дело во тековната календарска година на територијата на Македонија.
Наградата се доделува со свеченост и признание на крајот од годината, како официјална потврда за исклучителен архитектонски придонес.
Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, а нејзин спонзор е Македонската авторска агенција (МАА).
Листа на добитници
Година | Добитници | Проект |
|---|---|---|
1994 | Сотир Шундовски | Деловен центар во Битола |
1995 | Миодраг Митровиќ | Поединечна станбена куќа во Дебар Маало |
1996 | Вангел Рафтовски | Станбено-деловен објект во Струга |
1997 | Александар Никољски | Поединечна станбена куќа “Куцурелос” |
1998 | Јанко Константинов | Хотел Александар Палас |
1999 | Снежана Илиевска | Деловен објект на “Лек” |
2000 | Мартин Гулески, Влатко П. Коробар | Гимназија Нова |
2001 | — | Не е доделена |
2002 | Тамара Михаилова, Росица Минчева, Миодраг Атанацковиќ, Александар Најдовски, Бранислав Најдовски | Поединечен станбен објект во населба Црниче |
2003 | Томе Тимов | Зграда на советот на Општина Босилево |
2004 | Георги Константиновски | Меморијален музеј АСНОМ |
2005 | Виолета Бакалчев | Станбено-деловен објект на ул. Иван Милутиновиќ, Буњаковец |
2006 | Михајло Зиновски, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Јован Ивановски, Владимир Петровски; куратори: Митко Хаџи Пуља, Минас Бакалчев | Проект “Град на можни светови” |
2007 | Миле Пауновски | Деловен центар “Штрк”, Скопје |
2008 | недостасува податок | |
2009 | недостасува податок | |
2010 | Влатко Коробар | Градинка и Основно училиште “Нова”, Скопје |
2011 | Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски; соработник: Илија Божиновски | Спомен куќа на Тоше Проески, Крушево |
2012 | недостасува податок | |
2013 | Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ | Деловен објект “Сектрон”, Скопје |
2014 | Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ | Спортски центар “Јане Сандански”, Скопје |
2015 | Сергеј Никољски, Иван Мирковски | Куќа на Водно, ул. Питу Гули бр. 33 |
2016 | Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ, Ѓоко Радовановиќ | Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување |
2017 | Александар Карангелов | Фабрика за полнење изворска вода, село Гари |
2018 | недостасува податок | |
2019 | Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски, Арменд Хебипи, Бесиан Мехмети | ОУ Киро Глигоров, Капиштец, Скопје |
2020 | — | Не е доделена |
2021 | Филип Конески, Даница Спасевска, Анета Мартулкова | Градинка “Сонце”, Волково, Скопје |
2022 | Марија Димитриевска, Елена Пазарџиевска | Вила за современо домување, Велешко езеро Младост |
2023 | Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски; соработници: Саше Нешиќ, Катина Сутоглу | Изложбено-дистрибутивен центар со магацин “Балканија”, Визбегово, Скопје |
2024 | Мето Хаџи Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев, Димитар Стефановски | Мултинаменски комплекс, Скопје |
2025 | Искра Лековска и Владимир Лековски | Православен храм – црква “Св. Рамноапостоли Цар Константин и Царица Елена“, Скопје– студио „Лелелеле“ |