БИМАС – Биенале на македонската современа архитектура

БИМАС е водечка манифестација во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), која веќе со децении ја претставува современата архитектонска сцена во земјата. Се одржува на секои две години во форма на петнаесетдневна програма, исполнета со изложби, предавања, трибини и културни настани.

Како најзначаен архитектонски настан во Македонија, БИМАС обединува архитекти, студенти и љубители на архитектурата од земјата и странство. Централен елемент е биеналната изложба – преглед на најзначајните реализирани проекти и идеи во изминатите две години, изложени во соработка со музејски институции низ државата.

БИМАС има и натпреварувачки карактер, при што се доделува Гран при награда за најуспешно реализирано архитектонско дело, како и други признанија во повеќе категории.

Во рамки на програмата се одржува и БИСТА – Биенале на студентите по архитектура, со учество од сите архитектонски факултети во Македонија. Настанот е збогатен со придружни активности: конкурси, стручни трибини, тематски филмски проекции, тркалезни маси, промоции и дебати.

Основано во 1981 година, само една година по првото Венециско архитектонско биенале, БИМАС останува клучен настан за унапредување и афирмација на македонската архитектура.

Последно биенале

Спонзори

ГЛАВЕН ПОКРОВИТЕЛ
Генерален спонзор
ГЛАВЕН СПОНЗОР
ГЛАВЕН СПОНЗОР
ГЛАВЕН СПОНЗОР

СПОНЗОРИ

Архива