Стани член

Зачлени се во ААМ

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) со повеќе од седум децении постоење претставува најстарата и најзначајната професионална организација на архитекти во државата. Членството во ААМ е можност да бидете дел од професионална заедница која придонесува за развојот на архитектурата, унапредувањето на професијата и афирмацијата на архитектонската култура.

Со членството во ААМ добивате можност за:

  • учество во активностите, програмите и иницијативите на Асоцијацијата;
  • учество на стручни предавања, трибини, изложби, конференции и други настани;
  • навремено информирање за конкурси, повици и професионални можности;
  • вмрежување и размена на искуства со колеги од различни генерации и области на дејствување;
  • активно учество во развојот и унапредувањето на архитектонската професија.

 

Како да станете член?

Пополнете ја електронската пријава за членство, а по нејзиниот прием ќе Ве контактираме со информации за понатамошната постапка.

 

Заедно ја градиме и унапредуваме архитектонската професија.