АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

Години постоење
0
Членови
0 +

Биенале на македонската архитектура БИМАС

Биеналето на Македонската Архитектура (БИМАС) е престижна манифестација што го промовира современото македонско архитектонско творештво и ја афирмира неговата улога во општеството и на меѓународно ниво.

Голема годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело

Големата годишна награда на ААМ е престижно признание за најуспешното реализирано архитектонско дело, традиционално доделувано од Претседателот на Република Северна Македонија на свеченост во декември.

Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“

„Андреја Дамјанов“ е престижна награда доделувана од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) на архитекти со исклучителен придонес во развојот на македонската архитектура, воспоставена во чест на големиот градител Андреја Дамјанов.

Последно објавено

Од мала група ентузијасти до водечка професионална организација

74 ГОДИНИ

Асоцијација на Архитекти на Македонија

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) тековната 2026 година полни точно 74 години од формирањето.

На 26 Јуни 1952 година, со Решение на тогашното Министерство за внатрешни работи се одобрува основање и работа на Друштво на архитекти на Народна Република Македонија (ДАМ) со седиште во Скопје и со право на дејност на подрачјето на земјата.

Формирањето на здружението се случило само по седум години од завршувањето на Втората светска војна (1945) и три години од почнувањето со работа на Техничкиот факултет во Скопје на 6 октомври 1949 година.

Денес, ААМ е предводник на критичката професионална мисла и се залага за задржување на важната позиција на архитектите – градители во општеството, секогаш ставајќи го во центарот човекот како корисник на изградениот и неизградениот простор.

Нашата мисија и визија

Мисијата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија е зачувување на 74-годишната традиција преку промоција на квалитетна архитектура и професионални практики. Асоцијацијата се стреми кон создавање критички однос кон просторниот развој, заштита на природните ресурси и одржување на континуитет во архитектонската професија.

Нашата визија е да ја издигнеме архитектурата на заслуженото место во општеството, следејќи ги најдобрите меѓународни практики и обезбедувајќи широк општествен ангажман. Соработката со јавните институции и комората на овластени архитекти е клучен елемент во остварувањето на оваа визија.

План за 2024 - 2027

Придружи се на ААМ

Придобивки од членството:

  • Можност за учество во архитектонски конкурси и настани.
  • Пристап до обуки, семинари и конференции од областа на архитектурата и урбанизмот.
  • Мрежа за размена на искуства и знаења со колегите од професијата.
  • Заштита на твоите професионални интереси и зголемување на видливоста на твојата работа.

Почни со кликање на копчето.