ПРОЛЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈН

Објавено: март 27, 2026
Вести

На 26 март 2026 година, на првата вечер од серијата на пролетни настани во организација на фестивалот „Пролет на Македонскиот Дизајн”, својата дејност ја претставија тројца домашни говорници.

Во едно од овие обраќања говореше и Марија Димитриевска Цилакова – потпретседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Ставајќи го фокусот на врската помеѓу контекстот и архитектурата, во 2019 година Марија го основа своето студио „архитектура нова”. Заедно со својот тим го реализира проектот кој меѓу 200 други учесници и со интернационално стручно жири, влегува во потесен избор помеѓу пет студија. Станува збор за биеналната изложба “TIME SPACE EXISTENCE” во Palazzo Mora во Венеција во 2025 година.