На 21 септември, со почеток во 18 часот, во Јавна соба во Скопје се одржа промоцијата на каталогот од XXII Биенале на македонската современа архитектура – БИМАС 2025, кое се одржа во октомври 2025 година.
Краток стручен осврт кон Биеналето, а со тоа и кон содржината на каталогот, дадоа селекторите на БИМАС 2025, професорите Виолета Бакалчев и Минас Бакалчев. На настанот се обрати и Претседателот на Организациониот одбор на БИМАС 2025, професор Иван Мирковски. Како најмлад член на Управниот одбор на ААМ, со повик кон младите да се вклучат во колективот и заедницата, се обрати Сара Алаѓозовска, а завршното обраќање го имаше Претседателот на ААМ, Валентино Константиновски.
Модератор на настанот беше Ива Петрунова, член на Управниот одбор на ААМ.
Сите говорници повикаа на колективна одговорност, истакнувајќи ја темата како дел од секојдневното учество во креирање на животот во заедницата.
Некаде на средина помеѓу претходното и претстојното Биенале, средбата беше заокружување на една целина, но и најава на следниот предизвик – организацијата на XXIII БИМАС 2027.
На настанот присуствуваа членови од различни сегменти на архитектонската заедница, студенти, професори, инвеститори и претставници на приватни архитектонски фирми.
По формалниот дел следуваше мала коктел дружба.
Каталогот и понатаму ќе биде достапен за нарачка преку веб-страницата на ААМ: aam.org.mk.
Фотографии од настанот:























