Промоцијата на каталогот од Биеналето на современата македонска архитектура „XXII БИМАС 2025“ ќе се одржи на 21 септември со почеток во 18 часот во Јавна соба (Public room).
Каталогот ќе може да се купи на настанот по цена од 990,00 денари. Исто така може да се нарача во било кое време преку нашата e-mail адреса и преку веб страната на аам.
На авторите чии дела беа застапени на Биеналето им следува по еден бесплатен примерок од каталогот за секое авторско дело. Примероците ќе бидат доделени на самата промоција.
Со задоволство Ве покануваме на заедничко дружење, на кое ќе се радуваме на резултатот од претходното Биенале, но и на неизвесноста што ја носи идното.




