Со задоволство Ве известуваме дека каталогот од Биеналето на современата македонска архитектура „XXII БИМАС_2025“ е отпечатен.
Промоцијата на каталогот ќе се одржи по завршувањето на годишните одмори, во текот на месец септември. Точниот датум и местото на одржување ќе бидат навремено објавени.
Каталогот е достапен по цена од 990,00 денари и може да се нарача преку нашата e-mail адреса. Продажба на каталогот ќе има и за време на промоцијата.
На авторите чии дела беа застапени на Биеналето им следува по еден бесплатен примерок од каталогот за секое авторско дело. Примероците ќе бидат доделени на самата промоција.
За сите дополнителни информации членовите и учесниците ќе бидат благовремено известени.
Спецификација на каталогот:
• формат: 240 × 240 мм.
• обем: 196 страници
• хартија: 170 гр./м² мат кунздрук
• печат: 4/4 бои
• внатрешен блок: шиен
• корица: 300 гр./м² биндек
• печат на корица: 4/0 бои + 1/0 пластификат
• дополнителна доработка на корицата: 1/0 3Д УВ селективен лак
• корица со преклоп од 60 мм.
• поврзување: мека подврска (топло лепење)
Тираж: 1.000 примероци
Каталогот е отпечатен во печатницата „Бранко Гапо“ – Скопје.






