ГОЛЕМА ГОДИШНА НАГРАДА 2025

Објавено: јануари 1, 2026
Вести

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, на 26 декември 2025 година свечено ја додели Големата годишна награда (ГГН) за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година.

Свеченото доделување се одржа на Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде се обрати и претседателот на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Добитници на наградата се архитектите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за реализираниот проект Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.

Во рамки на настанот имаше и изложба на пријавените архитектонски објекти кои беа во конкуренција за добивање на наградата и мала коктел забава.