ДЕЛ ОД ПОСТАВКАТА НА БИМАС 2025 ВО КУМАНОВО

Објавено: мај 3, 2026
Вести

На 14 април (вторник) во 19:00 часот, во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, беа изложени дел од авторските трудови од изложбата од Биеналето на современа македонска архитектура „XXII БИМАС 2025”.

XXII Биенале на современа македонска архитектура се одржа од 6ти до 20ти Октомври 2025 година и ја имаше темата КОЛЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ:
КОН ТРАНСГРЕСИВНИ АРХИТЕКТОНСКИ ПАРАДИГМИ.

Овој фестивал за архитектура беше проследен со многубројни настани, предавања, дискусии и запознавања на различните учесници во архитектонската сцена. Главната изложба беше поставена во Музејот на современа уметност во Скопје каде што беа изложени 149 проекти во различните категории.