BUDAPEST – BAUMIT LIFE CHALLENGE 2026

Објавено: мај 25, 2026
Вести

На 21 мај 2026 година во импресивната зграда на концертната сала Вигадо во центарот на Будимпешта,, во преубава и свечена атмосфера се одржа меѓународниот настан BAUMIT LIFE CHALLINGE 2026 на кој присуствуваа повеќе од 300 претставници од речиси сите европски земји, а најмногу архитекти.

Компанијата БАУМИТ Македонија покани мала група архитекти, меѓу кои и Претседателот на Асоцијацијата на Архитекти, претставници од факултетот за архитектура и дизајн на Американ Колеџ и сопственици од неколку истакнати архитектонски студија.

Настанот се организира на секои две години, а местото зависи од победникот на последниот настан. Се пријавуваат огромен број на архитектонски проекти – реализирани објекти низ земјите од Европа, на кои е применета фасадата од БАУМИТ и се поделени во неколку различни категории.

Оваа година во Будимпешта имаше повеќе од 350 пријави, а во потесен избор влегоа 36 реализирани архитектонски проекти во вкупно 6 категории. Се доделија 6 награди во секоја поединечна категорија и на крајот се додели главната награда на реализиран објект на територија на Германија  за реконструкција, пренамена и адаптација на силоси во хотел.

На крајот искажуваме голема благодарност до тимот на БАУМИТ Македонија, кои беа навистина одлични домаќини и ни приредија прекрасни моменти и доживувања во текот на целото патување и секако на беспрекорната организација на главниот спектакуларен настан, вечерта на 21 мај, од страна на матичната компанија – БАУМИТ Австрија.