На 31.3.2026 година (вторник), се одржа XVI ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ на Инженерската Институција на Македонија (ИМИ) во хотел „Холидеј Ин”.
Со овој настан се одбележаа 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери.
Освен обраќањата на претседателот на Инженерската институција, д-р Андреј Лепавцов, видео обраќањето на Генералниот секретар на Engineers Europe, Dirck Bochar, обраќањето на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска настанот беше збогатен со панел дискусија на тема ,,Паметна ренесанса” на која дискутираа петорица стручни професионалци од различни сфери.
Беа доделени и две награди, при што Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја доби наградата за најактивно здружение во ИМИ од вкупно 18 здруженија кои членуваат во неа. Наградата ја прими претседателот на ААМ Валентино Константиновски, а присутни на настанот беа и дел од членовите на Управниот одбор.
Наградата ,,Млад инженер на годината” му припадна на Тодор Санев, а настанот беше заокружен со коктел дружба.




